Error loading MacroEngine script (file: DisplayImage.cshtml)

ДЕЛОВЕН СОФТВЕР

Прочитајте зошто деловниот софтвер Luca треба да биде Вашиот избор за ERP решение во Вашата компанија и зошто толку многу отскокнува во однос на другите решенија.

Прочитај повеќе

МЕДИЦИНСКИ СОФТВЕР

Medica 2002 e софтвер за елегантна автоматизација на амбулантските, болничките и материјално -финансиските активности на здравствените институции.

Прочитај повеќе

Интернет Кафе Софтвер

Ентер е една од ретките компании која може со сопствени ресурси да одговори барањата на клиентите поврзани со комјутеризацијата на нивните организации.

Прочитај повеќе

ФАКТИ ЗА ЕНТЕР

Ентер е првата компјутерска компанија во Македонија, која што уште во 1995 год. започна да развива професионални апликации за Windows - оперативните системи и практично имплементира информационен систем врз база на клиент - сервер технологијата. Програмскиот пакет Visual Accounting е прва македонска Windows - програма за комплетно водење на сметководство за сите претпријатија и институции.

Ентер е најголемиот македонски производител на деловен (ERP) софтвер. Софтверските пакети Luca / Visual Accounting во преку 300 компании и институции во Македонија, Србија и Косово.

Ентер е првата македонска компанија која го извезува својот софтвер преку Интернет уште од 1999 год. Cyber Monitor, апликацијата за евиденција и контрола на работењето во интернет кафеа, сајбер клубови, библиотеки, школи, хотели и др. места каде што компјтерот е во јавна употреба се продава и одржува преку сајтот на Ентер и досега е инсталирана на преку илјада места во над седумдесетина земји, најмногу во САД (30%). Комплетниот процес од набавката на некои софтверски алатки и дел од развојот, преку маркетингот, продажбата и наплатата, до подршката и одржувањето се одвиваат преку стандардните интернет сервиси. Апликацијата е повеќејазична, со вградени хелп, сет-уп систем и заштита и е уникатен пример за можноста и способноста на македонските компании да бидат глобално конкурентни.

Ентер го има изработено досега најкомплетниот болнички информационен систем базиран на персонални компјутери: информациониот систем во Болницата за ортопедија и трауматологија во Охрид (над 50-тина работни станици, со над 170 активни корисници и целосна компјутерска евиденција на сите здравствени и административни активности).

Ентер е една од ретките компании во Македонија која може со сопствени ресурси да одговори на сите барање на клиентите поврзани со компјутеризацијата на нивните организации: да проектира информационен систем, да набави квалитетен хардвер, да инсталира компјутерски мрежи и системски софтвер, да развие софтвер за сите деловни потреби, да спроведе општа и посебна обука за сите корисници и да изведе квалитетно и навремено одржување на системите на територијата на цела Македонија.